Она што стрелецот на голот за БиХ го направи вечерва никој го нема направено од 1966 на Мундијалите!(ФОТО)

Vecer | 12.06.2026

Она што стрелецот на голот за БиХ го направи вечерва никој го нема направено од 1966 на Мундијалите!(ФОТО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/

„Змејовите“ беа во водство до 79-тата минута, но Канада лесно можеше да го земе целиот плен. Сепак, резултатот остана 1:1, а единствениот гол за „Змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21. минута. Иако неговиот квалитет често беше оспоруван, тој постигна вреден гол за Босна и Херцеговина. Тој исто така направи нешто што никој не го направил од 1966 година. Јово Лукиќ испиша историја и стана првиот напаѓач откако се водат евиденции (од 1966 година) кој имал девет или повеќе скок-дуели во еден натпревар на Светското првенство и ги добил апсолутно сите со 9/9, односно 100% учинок ! Доминација во најсилната можна категорија, без грешка, без загубен дуел. Лукиќ „го затвори небото“ над противничкиот шеснаесетник. За напаѓачот на романската Универзитатеа Клуж, ова беше само четврти настап во дресот на репрезентацијата, но и прв гол. Репрезентацијата на БиХ е на прагот на голем успех и пласман во нокаут фазата, а за тоа би требало да биде доволна победа над Швајцарија или Катар во последното коло.

100% – Bosnia and Herzegovina’s Jovo Lukic is the first forward on record (since 1966) to record 9+ aerial duels in a FIFA World Cup match and win every single one of them (9/9 – 100%). Headstrong. pic.twitter.com/yDRku4kRVc

— OptaJohan (@OptaJohan) June 12, 2026


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk