logo
logo
logo

Ново разочарување за Валенсија, Реал Сосиедад извојува победа на „Местаља“

Vecer | 20.09.2026

Ново разочарување за Валенсија, Реал Сосиедад извојува победа на „Местаља“

Екипите на Валенсија и Реал Сосиедад одиграа супер интересен меч од седмото коло од шпанската Ла Лига, кој гостинскиот тим го доби со 2:3. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно беше дел од стартната постава на Валенсија, но нашиот најдобар чувар на мрежата вечерва не успеа да направи разлика на теренот.

Лука Сучиќ донесе водство за гостите во 26-тата минута, а во 57-та Мајол го изедначи резултатот. Реал Сосиедад повторно поведе со голот на Солер од пенал во 76-тата минута, но Валенсија повторно успеа да изедначи со автоголот на Беитиа само 8 минути подоцна. Но, во последните минути од мечот Баренечеа успеа да постигне и трет гол и да му донесе победа на тимот од Сан Себастијан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk