Уф, каков очај е овој Манчестер Јунајтед. Уф, каква, нова, БЛАМАЖА на Јунајтед попладнево на “Олд Трафорд“!. Манчестер Јунајтед – Брентфорд 0:4. Нова катастрофа за овој клуб.
Се чини дека ни Покетино, ни “СВЕТИ ПОКЕТИНО“ не може да му помогне на овој тим, на овој клуб.
Неверојатно е како тоа еден гигант сам себе си се уништува, и утре може да биде по ова 12.коло да биде и последен на табелата, во зависност од тоа што ќе направи Кристал Палас.
Вилсон со два гола во 19. и 32.минута го начна домашниот тим, а потоа Ајер и Шаде ставија крај на мизеријата на некогаш славниот клуб од “Олд Трафорд“.
Лидс со 3:0 успеа да го победи Ковентри во вториот меч попладнево во тернинот од 16 часот.