logo
logo
logo

Нов проблем за Ираола: По Исак, денеска се повреди и Гакпо

Vecer | 27.09.2026

Нов проблем за Ираола: По Исак, денеска се повреди и Гакпо

ФОТО:.facebook.com/onsoranje/

Ливерпул доби нова причина за загриженост за време на репрезентативната пауза, откако и Коди Гакпо се повреди на настапот за Холандија против Србија. Офанзивецот мораше да биде заменет во 17. минута, по незгодниот старт на Саша Лукиќ. Гакпо се обиде да продолжи, но набрзо побара замена поради болки во пределот на левиот глужд.

Така, Гакпо е вториот важен фудбалер на Ливерпул кој се повреди за само еден ден. Претходно, Александер Исак ја напушти репрезентацијата на Шведска поради повреда на бутот и се врати во клубот на дополнителни прегледи.

Засега нема точна дијагноза за повредата на Гакпо, па останува неизвесно колку долго ќе биде надвор од терените.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk