Жозе Мурињо верува дека освојувањето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид би имало посебно значење во неговата тренерска кариера. Португалскиот стратег, кој веќе го освојуваше европскиот трофеј со Порто и Интер, беше прашан дали очекува да го повтори успехот и со кралскиот клуб.
„Титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид? Тоа би била титула освоена со најголемиот клуб на светот“, изјави Мурињо.
Сепак, тренерот веднаш ја спушти топката и порача дека не сака да зборува за хипотези, туку за реалноста. А таа, според него, е дека Реал сè уште не ја минал ниту лигашката фаза од натпреварувањето.