logo
logo
logo

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

Vecer | 04.09.2026

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco

Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“ со 1:2.
Првата голема шанса беше видена во 12-тата минута од играта кога Дезире Дуе добро влезе по десната страна, на крајот влегувајќи во шанса, но голманот на Монако, Храдецки го одбрани неговиот удар. Монако практично не се закани во првите 45 минути, нивната цел беше да го одбранат својот гол и не успеаја во таа намера.
Се играше 31-вата минута кога Маркињос успеа да го постигне првиот гол на мечот. Кварацкелија одлично влета по левата страна, центрираше а топката го удри Маркињос во градите и влезе во мрежата! Кварацкелија и Руиз имаа свои шанси до крајот на полувремето, како и Брунер на другата страна, но немаше промена на резултатот.

На почетокот од второто полувреме, ПСЖ имаше неколку шанси, прво Витиња и Аклиуш имаа шанси, а потоа шок за Парижаните. Акција на Монако по десната страна, Тезе центрира, а Назињо постигна гол со глава за 1:1! Како што одминуваше натпреварот, Монако играше сè посигурно, а потоа уште еден гол и уште еден шок на „Паркот на принцовите“! Головин додава до Идумба во контранапад, тој се префрли налево, шутираше и го совлада Сафонов за конечни 1:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk