Моќната Барса го прегази Депортиво на „Риазор“

Vecer | 29.11.2026

Моќната Барса го прегази Депортиво на „Риазор“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

фото: FC Barcelona (X)

Барселона продолжи со победите во Ла Лига, откако славеше убедливо со 5:1 на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња во рамките на 14. коло. Каталонците доминираа на „Риазор“ и се зацврстија на врвот на табелата.

Ламин Јамал ја доведе Барселона во водство уште во втората минута, но Пјер-Емерик Обамејанг израмни во деветтата. Дани Олмо во 20. минута повторно им донесе предност на гостите, а во второто полувреме на сцената стапи Рафиња. Бразилецот постигна хет-трик, со голови во продолжението од натпреварот, за убедлив триумф на избраниците на Ханси Флик.

Барселона по 14 одиграни натпревари има 39 бода, пет повеќе од Атлетико Мадрид и шест од Реал Мадрид, и продолжува да го контролира врвот на шпанското првенство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk