Конечни 1:1 е исходот од градската пресметка помеѓу екипите на Евертон и Ливерпул со која што започна денешната Премиер лига програма.
Спектаклот започна со гостинско водство по само пет минути откако Собозлаи реализираше за 0:1.
Сепак, гост9нската радост траеше до 25. минута кога Фримпонг си постигна автогол за 1:1.
Од тој момент и двата тима имаа ситуации за водство и евентуален триумф но ниту една не беше искористена.
Со ова реми, Ливерпул е четврти во моментов со 22 бода, додека Евертон пак е осми со 17.