Мбапе го реши „Ел Класико“ и ја „расплака“ Барселона (ВИДЕО)

Vecer | 25.10.2026

Мбапе го реши „Ел Класико“ и ја „расплака“ Барселона (ВИДЕО)

Килиан Мбапе е херојот на тимот на Реал Мадрид, затоа што французинот вечерва среде Ноу Камп постигна два гола и е најзаслужниот што „Кралевите“ триумфираа над вечниот ривал во уште едно големо „Ел Класико“, овојпат со конечни 1:2.

За Реал ова беше 81. победа во меѓусебните дуели, а овојпат може да се каже дека е и заслужено, затоа што Мадрид одигра одлично, тактички, сконцентрирано, ги искористи шансите, и прописно се одбрани од противникот.

Исклучително интересното прво полувреме беше одбележано со многу шанси, возбудувања, и навивачка еуфорија. Промашуваа и едните и другите, се додека во 41. минута кадриналната грешка на одбраната на Барселона, не го доведе Килиан Мбапе, ни крив ни должен што се вели да се запише во листата на стрелците. Топката буквално го погоди и влезе во голот на Барселона, за гостинско водство пред полувреме.

Во вториот дел, Барелона тргна да израмнува и тоа се случи во 61. минута. На асистенција на Педри, Рафиња реализира за 1:1, и ерупција од воодушевуввање на Ноу Камп.

Луњин во тие моменти спасува и домашно водство, за да кога сите очекуваа можеби домашен финален импакт кон победа, се случи спротивното. Камавинга се покажа како супер замена затоа што направи еден екстра соло пробив на десната страна Гарсиа излезе да затвори агол, а Камавинга перфектно асистира на петерецот на Мбапе кој што погодува во празната мрежа на Барса.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk