logo
logo
logo

Мане подобар од Салах: Сенегал е прв финалист на Купот на африкански нации

Vecer | 14.01.2026

Мане подобар од Салах: Сенегал е прв финалист на Купот на африкански нации

фото: TotalEnergies AFCON 2025 (X)

Репрезентацијата на Сенегал е првиот финалист на Купот на африканските нации, откако вечерва ја победи селекцијата на Египет со 1:0. Во судирот меѓу двете легенди на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, победник беше капитенот на Сенегал, кој го постигна решавачкиот гол на мечот со убав шут во 78-та минута од натпреварот.

Првото полувреме беше за заборав, Сенегалците имаа забележително подолг посед на топката, но без никаква идеја да го скршат отпорот на „фараоните“, кои делуваа крајно организирано во одбраната на својот гол.

Моравме да почекаме до почетокот на вториот дел од играта за да видиме барем една солидна шанса, а потоа и оној гол на Мане кој реши се.

Во финалето на Африканскиот куп на нации, Сенегал го чека подобриот од пресметката меѓу Мароко и Нигерија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk