Манчестер Јунајтед повтори неславен историски рекорд во англискиот фудбал, кој претходно беше забележан пред дури 73 години. По ремито 4:4 против Астон Вила во 10. коло од Премиер-лигата, „црвените ѓаволи“ станаа првиот тим од англиската елита по сезоната 1953/54 кој, откако претходната сезона завршил меѓу најдобрите три, забележал само една победа на првите десет натпревари во новото првенство.
Последен пат ваков негативен старт имал Арсенал во сезоната 1953/54, откако претходно ја освоил шампионската титула. Манчестер Јунајтед во актуелната сезона има само осум бодови од десет натпревари и се наоѓа на 18. место на табелата, во зоната за испаѓање.
Дополнителен показател за кризата е и податокот дека тимот има примено 30 голови во сите натпреварувања, најмногу меѓу клубовите од петте најсилни европски лиги.