logo
logo
logo

ЛШ: Вечерва во Монако е ждрепката, комплетирани се шеширите, следува супер интересна сезона

Vecer | 27.08.2026

ЛШ: Вечерва во Монако е ждрепката, комплетирани се шеширите, следува супер интересна сезона

ФОТО: UEFA.COM/X

Иако без македонски фудбалер и без клуб од екс-СФРЈ, пред нас е супер интересна и возбудлива сезона во Лигата на шампионите, откако квалификациите завршија вчера.
Видовме многу интересни работи во реваншот од плејофот, ЛАСК го направи најголемиот подвиг соборувајќи го Селтик, Сабах исто така го оствари првиот и историски пласман во групната фаза по продолженија, каде што ќе бидат и Слован од Братислава со Јаја Туре на клупата, АЕК со Марко Николиќ на клупата, додека Норвежаните ќе имаат два претставника, по Бода/Глимт кои станаа сериозен европски тим, а сега тука е и – Викинг.
УЕФА сега ги комплетираше сите четири шешири и сè е подготвено за ждрепката што ќе се одржи денес во 18.00 часот во Монако.

Да ве потсетиме дека во новиот формат на натпреварувањето се игра единствена лига, но во која 36 екипи не играат против сите, туку имаат по два ривали од секој шешир, и играат осум натпревари – четири дома и четири на гости. Првите осум екипи одат директно во осминафиналето, додека екипите од 9-то до 24-то место ќе се натпреваруваат во плејофот. Натпреварите од првото коло се закажани за 8, 9 и 10 септември, а групната фаза трае до 27 јануари. Плејофот е закажан за 16 и 17 февруари, односно 23 и 24 февруари. Осминафиналето ќе следи на 10.9 и 16.17. март, четвртфинале 7.6 и 13.14. април, полуфинале 27.28. април и 5.4. во мај, а големото финале ќе се игра во Мадрид на 5 јуни.

Прв шешир: ПСЖ, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид.
Втор шешир: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Бетис, ПСВ.
Трет шешир: Феенорд, Лил, Бодо/Глимт, Наполи, РБ Лајпциг, Виљареал, Фенербахче, Шахтјор, Галатасарај.
Четврти шешир: Славија Прага, Слован, Штутгарт, АЕК, ЛАСК, Комо, Ленс, Викинг, Сабах.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk