logo
logo
logo

Лапорта повторно го напдна Реал: Кога имаат проблем, го реконструираат теренот и тоа е тоа

Vecer | 19.09.2026

Лапорта повторно го напдна Реал: Кога имаат проблем, го реконструираат теренот и тоа е тоа

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно го прозва големиот ривал Реал Мадрид. Тоа се случи уште во петтата минута од неговиот говор на денешното Генерално собрание на членовите на клубот за 2026 година.

„Клуб со големината на Барса секогаш има големи предизвици. Секогаш сакаме да бидеме подобри, нема место за самозадоволство. Историјата го бара тоа од нас. Мора да продолжиме со процесот на раст. Треба да бидеме храбри, креативни и иновативни. Знаеме дека се бориме против ривали кои се инвестициски фондови, државни клубови… Нашите противници, кога имаат проблем, само ќе пренаменат некој терен и готово“, изјави првиот човек на каталонскиот клуб.

Ова се толкува како индиректна критика кон Реал Мадрид, по неодамнешната одлука на Градската управа на Мадрид да одобри промена на намената на 448.000 квадратни метри земјиште во спортскиот комплекс на „кралевите“ во Валдебебас, со што ќе се овозможи развој на нови профитабилни активности.

Во исто време, Лапорта изрази задоволство од формата на тимот предводен од Ханси Флик.

„Навивачите на Барса чувствуваат оптимизам бидејќи клубот се движи во вистинската насока. Како претседател, го споделувам ова чувство на колективна радост, но исто така морам да нагласам дека е време повторно да ги преземеме нашите одговорности и обврски. Одлуките што ги носиме денес се од суштинско значење за финансиската и институционалната стабилност, за овој проект да има долгорочна иднина“, додаде Лапорта.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk