Спортскиот директор Луис Кампос и тренерот Луис Енрике веќе разгледуваат различни опции за засилување на нападот. Меѓу главните кандидати е Антонио Нуса од РБ Лајпциг, кој е високо ценет поради брзината и квалитетот во играта еден на еден. Друга опција е Абде Езалзули од Бетис, чија откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.
На списокот со потенцијални засилувања се наоѓаат и Џанлука Престијани од Бенфика, Ибрахим Маза од Баер Леверкузен, Луис Дијаз од Баерн Минхен и Естевао од Челзи. Не се исклучени ниту поскапите трансфери, па така се споменуваат и имињата на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.
И покрај сериозните финансиски можности на ПСЖ, Луис Енрике не сака да брза со новите засилувања. Шпанскиот стратег претпочита клубот да ангажира фудбалери кои навистина сакаат да се преселат во Париз, а истовремено да избегнува плаќање нереално високи суми.
Парижаните веќе покажаа дека се подготвени да инвестираат значителни средства во јануарскиот преоден рок. Во 2024 година платија 70 милиони евра за Кварацхелија, а доколку повторно излезат на трансфер-пазарот, клубот би можел да потроши десетици милиони евра. Сепак, засега нема информации за конкретен буџет или испратени официјални понуди.