logo
logo
logo

Кошаркарите ја „смачкаа“ Ирска и заверија место во главната битка за ЕП 2029

Vecer | 02.07.2026

Кошаркарите ја „смачкаа“ Ирска и заверија место во главната битка за ЕП 2029

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша петтиот триумф во претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Нашите кошаркари покажаа дека се класа за Ирска, на домашен терен славеа со 77-56 и го заверија првото место во својата група.

Ова значи дека Македонија ќе обезбеди директен пласман во квалификациите за континенталното натпреварување на кое нема играно од 2015 година.

Фото: ФИБА

После релативно изедначена прва четвртина во која гостите отворија со 2-6 и погодија серија на тројки, нашите момци мечот го решија во вториот период (15-11), на одморот заминаа со двоцифрени 38-27. Со доминацијата продолжија и во третата четвртина, која ја завршија со резултат 59-37. Тука веќе беше јасно дека Македонија сигурно чекори кон нова победа.

Фото: ФИБА

Андреј Јакимовски со дабл-дабл од 19 поени и 13 скока беше лидер во нашите редови.

Македонија претквалификациите ги завршува на гости против Луксембург, меч кој се игра на петти јули.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk