Клоп рече дека не е заинтересиран, но Романо тврди: Тој е кандидат за Реал

Vecer | 14.01.2026

Клоп рече дека не е заинтересиран, но Романо тврди: Тој е кандидат за Реал
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Чаби Алонсо отпуштен од тренерската позиција во Реал Мадрид. На негово место дојде Алваро Арбелоа, поранешен клупски играч и поранешен тренер на младинските и резервните тимови на Реал. Договорот на Арбелоа важи и по оваа сезона, но ова е првиот сениорски тим што го води во неговата кариера. Затоа според многумина тој ќе биде само привремено решение и дека Реал ќе ангажира искусен и трофеен тренер на лето.

Јирген Клоп (58) ги исполнува споменатите критериуми и е голема желба на претседателот на Реал, Флорентино Перез. Пред година и пол, Клоп го напушти не само Ливерпул, туку и тренерската работа со образложение дека е прегорен. Оттогаш, тој е глобален директор за фудбал во групацијата Ред Бул, што е позиција со неспоредливо помалку стрес од тренерството во врвниот фудбал.

Клоп рече дека не е заинтересиран да го преземе Реал: „Интересот на Реал? Не сум заинтересиран и нема никаква врска со мене. Заминувањето на Чаби Алонсо е знак дека сè не е 100 проценти како што треба. Шпанецот е исклучителен тренер, но како наследник на легендата Карло Анчелоти, кој имаше многу специфичен начин на водење на своите тимови, не му беше лесно. Многу ми е жал за него бидејќи мислам дека е одличен тренер.“

Фабрицио Романо, најдоверливиот извор од фудбалскиот пазар, сепак истакнува: „Доколку Клоп одлучи да се врати на тренерската работа, тој е кандидат да го преземе Реал на лето.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk