logo
logo
logo

Халанд тужи авиокомпанија!

Vecer | 02.10.2026

Халанд тужи авиокомпанија!

Фото: Ерлинг Халанд Х

Норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд поднесе тужба против авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle ASA за наводна злоупотреба на неговиот лик за маркетиншки цели.

Тужбата, поднесена во име на напаѓачот на Манчестер Сити и норвешката репрезентација, се однесува на објава направена за време на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Авиокомпанијата потоа сподели слика од својот авион, на која беше фотомонтирана препознатливата фризура во коњска опашка на Халанд, придружена со натпис „Никогаш порано не сме изгледале толку „норвешки“.

Томас Хаген, адвокатот на играчот, ја потврди тужбата, прецизирајќи дека случајот е поврзан со прекршување на Законот за контрола на маркетингот.

Прелиминарното рочиште за случајот е закажано од Окружниот суд во Осло за петок, 9 октомври, и ќе се одржи преку видео врска. Спорната фотографија, која беше објавена на Инстаграм и ТикТок, оттогаш е избришана од авиокомпанијата, заедно со други објави на кои се појавува Холанд.

Norwegian Air Shuttle ASA потврди дека ја примил тужбата, но изрази збунетост околу нејзината основаност.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk