Керик е сигурен: Манчестер Ј. нема да го смени тренерот доколку загуби викендов

Vecer | 06.11.2026

Керик е сигурен: Манчестер Ј. нема да го смени тренерот доколку загуби викендов
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мајкл Кeрик би можел да остане на клупата на Манчестер јунајтед најмалку до крајот на ноември, дури и ако „црвените ѓаволи“ загубат од Астон Вила во претстојниот натпревар од Премиер-лигата.

Според информациите, раководството на клубот сè уште нема целосна доверба во ниту еден од потенцијалните наследници на Кeрик. Еди Хау наводно не ужива толку голема поддршка колку што се претпоставуваше, додека кај Јулијан Нагелсман значително опаднал рејтингот поради резервите во клубот поврзани со неговата работа во Баерн Минхен.

Меѓу кандидатите се споменуваат и Себастијан Хенес, Фабијан Хирцелер и Сеск Фабрегас. За ангажман на Хирцелер би била потребна висока отштета од Брајтон, додека Фабрегас, кој бележи одлични резултати со Комо, во моментов не планира да го напушти италијанскиот клуб.

Во прилог на Кeрик одат и добрите показатели во напредната статистика, како и карактерот што тимот го покажа со пресвртот и победата од 3:2 против Рома во Лигата на шампионите. Поради тоа, дуелот со Астон Вила можеби нема да биде последна шанса за англискиот стратег да ја спаси својата позиција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk