logo
logo
logo

Јувентус подготвува реконструкција: Ќе купи 8 нови играчи!

Vecer | 03.10.2026

Јувентус подготвува реконструкција: Ќе купи 8 нови играчи!

фото: JuventusFC (X)

Јувентус подготвува голема реконструкција на тимот во текот на следната година, пренесува „Тутоспорт“.

Според информациите, торинскиот клуб размислува за ангажман на дури осум фудбалери на повеќе позиции. Меѓу голманите, најголем интерес има за Алисон Бекер од Ливерпул, чиј договор истекува во летото 2027 година. За одбраната се разгледуваат Умар Соле, Давид Раум и Тајрик Мичел, додека во средниот ред желба на Лучано Спалети е Станислав Лоботка.

Јувентус следи и други опции, меѓу кои Матео Ковачиќ, Браим Дијаз и Жан-Филип Матета. Торинскиот гигант, според „Тутоспорт“, сака со овие потези значително да го промени составот во следниот период.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk