И дефинитивно некои работи што ги гледаеме на актуелното СП не се по волја на фудбалските фанови, но и на некои познати фудбалски фаци.
Германскиот тренер Јирген Клоп ги критикуваше паузите за време на натпреварите од Светското првенство, како и фактот дека играчите на теренот чекаат да заврши предвиденото време за рекламите. На Светското првенство во САД, Канада и Мексико беа воведени неколку новини, а тие се една од централните теми од претходните денови. Меѓу другото, на средината од првото и второто полувреме, има задолжителна пауза од три минути за освежување, што е корисно и за телевизиите, кои потоа го емитуваат рекламниот блок. Сето ова го коментираше во интервју за ZDF легендарниот Јирген Клоп, кој рече дека не му се допаѓаат новините на Светското првенство.
“Кога ги видов играчите како стојат за време на паузата поради хидратација, додека телевизиските реклами го одредуваа темпото на играта, не можев а да не се запрашам кому всушност му служи Светското првенство: навивачите, играчите или огласувачите?“
Германецот исто така рече дека фудбалскиот натпревар треба да тече како река, а додаде дека се надева дека фудбалот нема да стане пауза за реклами.
“Натпреварот од Светското првенство треба да тече како река. Наместо тоа, градиме брани на средината на реката за да можат да поминуваат рекламите. Тоа е опасно за духот на играта. Фудбалот порано беше главен настан. Денес постои опасност тој да биде само музика во позадина за голем рекламен спектакл. Се надевам дека фудбалот нема да стане само рекламен прекин“ заврши Клоп.