logo
logo
logo

Италија и натаму во „агонија“ – доби уште една „корпа“

Vecer | 25.07.2026

Италија и натаму во „агонија“ – доби уште една „корпа“

Фото: https://www.figc.it/

Селекторската функција на италијанската фудбалска репрезентација во моментов очигледно не изгледа престижно, а откако Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти одбија да ја преземат позицијата, Тијаго Мота исто така одби понуда, објави весникот „Кориере дело Спорт“.

Бразилецот со италијански пасош, Тијаго Мота, беше контактиран од новиот технички директор на федерацијата, Паоло Малдини, и неговиот советник Леонардо.

Поранешниот тренер на Јувентус и Болоња учтиво ја одби понудата на шефовите на италијанската федерација, кои подоцна постигнаа договор со Андреа Пирло. Се очекува Пирло официјално да биде објавен за селектор во наредните денови со четиригодишен договор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk