logo
logo
logo

Братучедот на Халанд го урна клупскиот рекорд на Спарта Прага!

Vecer | 25.07.2026

Братучедот на Халанд го урна клупскиот рекорд на Спарта Прага!

фото: AC Sparta Praha @ACSparta_CZ (X)

Јонатан Браут Брунес, по 40 постигнати гола во две сезони во Раков, го засили чешкиот великан Спарта Прага. Голгетерот со руса коса, силна градба, разорна лева нога и неверојатна глад за голови е братучед на Ерлинг Халанд, кој направи нов пробив во својата кариера. Спарта Прага го претстави Брунес (25), кој од денеска ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на клубот!

Чешкиот гигант го купи од Раков за 6 милиони евра. Неодамнешен рекордер беше Албион Рахмани, купен од романски Рапид за 5 милиони, но тој замина во Венеција пред три недели, па беше потребен нов напаѓач.

Брунес и Халанд се слични не само по физиономијата, туку и по животниот пат. Тие се врсници, родени во 2000 година, а момчиња ја делеле соблекувалната во јуниорските категории на норвешкиот Брине.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk