ПАОК попладнево го официјализираше трансферот на еден од најголемите таленти на српскиот фудбал, Оњген Угрешиќ. Дваесетгодишниот играч за врска пристигнува од Партизан и потпиша договор со грчкиот клуб до 30 јуни 2031 година.
Трансферот е вреден 7,5 милиони евра, а нашиот Остоја Стјепановиќ кој работи како фудбалски менаџер успеа да го обезбеди овој вреден и внослив трансфер за белградските „црно-бели“
Угрешиќ е производ на школата на Партизан, каде успеа да стане капитен на белградскиот клуб. За првиот тим одигра 63 натпревари и постигна 13 голови, а во октомври 2025 година го забележа и дебито за сениорската репрезентација на Србија.