Леонид Игњатов, младиот играч за врска, инаку “дете“ на Вардар и сеуште актуелен играч на Хајдук, е пред трансфер во Академија Пандев. Тој во Струмица доаѓа на инсистирање на стратегот Александар Васоски, кој му беше тренер во Вардар.
Засега официјално договорен е Мартин Мирчески од Вардар, потоа се преговара со Антонио Каланоски, а многу брзо ќе се потпише и со еден квалитетен шпиц од Бразил. Се водат разговори со Марио Крстовски да остане меѓу “пандевци“, а се очекува во следната сезона Велиновски просто да “експлодира“ и да биде еден од главните играчи на струмичкиот прволигаш.
Се чини дека Академија Пандев и следната сезона ќе има сосема добар состав, се инсистира и на останување на Коста Манев.
Инаку утре во 18 часот стратегот Александар Васоски ќе изврши прозивка, со што “пандевци“ и официјално ќе ги стартуваат летните подготовки.
Првата фаза ќе се одработи во Струмица, за да од 20 до 30 јули се планира заминување на Златибор или пак во Охрод. Тоа треба допрва да се дефинира.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата