logo
logo
logo

Голеада на “Етихад“: Конечно Халанд му даде гол на Сандерленд, Исак за победа на Ливерпул

Vecer | 20.09.2026

Голеада на “Етихад“: Конечно Халанд му даде гол на Сандерленд, Исак за победа на Ливерпул

фото:facebook.com/mancity/

Попладнево од терминот од 15 часот се одиграа три меча од 5.коло во Премиерлигата. И веднаш да кажеме спектакл на “Етихад“, голеада со конечни 5:3 на дуелот Манчестер Сити – Сандерленд. Интересно, Ерлинг Халанд конечно, во својот петти меч против Сандерленд е стрелец и сега нема клубови во ПЛ на кој Норвежанецот му нема дадено гол.

Сити водеше со 1:0, па со 2:1, па 3:2, но блескаше Броби кој со “хет-трик“ се прослави кај гостите, но бадијала кога неговиот тим е поразен. А се тргна со прекрасниот гол од слободен удар на Енцо Фернандез, потоа стрелаа и Шерки, Семењо двапати, за да во 81.минута Халанд погоди за 5:3. Ова е победа за „пет од пет“ на тимот на Енцо Мареска.

Ливерпул со голот на Исак дојде до триумф на гостувањето кај Борнмут. Значи Андони Ираола, успеа да го победи својот довчерашен клуб.

И во третиот меч Лидс и Кристал Палас одиграа без голови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk