Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус призна дека е среќен што Бразил е елиминиран од Светското првенство. Тој исто така го обвини Нејмар дека го ставил своето его пред успехот на тимот за време на елиминацијата од Норвешка во осминафиналето, објави Goal.com.
Во својата колумна за германскиот „Скај“, Матеус не штедеше зборови кога го критикуваше бразилскиот настап.
„Мило ми е што Бразил е елиминиран. Едноставно не можам повеќе да ги поднесам нивните кукања и гестикулации“, напиша Матеус.
Тој беше најсуров кон Нејмар, истакнувајќи дека неговото однесување на крајот од натпреварот открива подлабок проблем во репрезентацијата.
„Наместо брзо да го изведе пеналот, Нејмар се расправаше со голманот и пред и по шутот. Таквото однесување покажува дека го става своето его пред успехот на тимот“, рече тој.
Ве потсетуваме дека Норвешка го победи Бразил со 2:1 со головите на Ерлинг Халанд, па ќе играат против Англија во четвртфиналето. Тој натпревар е закажан за 11 јули.