Во интересен и возбудлив натпревар, фудбалерите на Милан славеа против Торино со 3:2 на домашен терен во мечот од 30-тото коло во Серија А. Гостите беа упорни, еднаш успеаја да израмнат, но голот на Влашиќ од пенал на крајот не беше доволен за да се спасат од пораз.
Дефанзивецот на Милан, Страхиња Павловиќ, го постигна првиот гол на натпреварот во 37-та минута. Тоа беше еден вистински евро-гол, кој ги разбуди трибините на „Сан Сиро“. Седум минути подоцна, напаѓачот на Торино, Џовани Симеоне, израмни на 1:1, резултат со кој се отиде на одмор.
Играчот од средниот ред на Милан, Адриен Рабио им донесе водство на домаќините во 54-та минута, а две минути подоцна, Јусуф Фофана го постигна третиот гол за „росонерите“. Во 85-та минута, Никола Влашиќ го намали резултатот со пенал, за конечни 3:2.
Милан има 63 бода и е втор на табелата. Торино е на 14-то место со 33 бода.