logo
logo
logo

Емилијано Мартинез со порака за Меси: Ти ме направи светски шампион, ти благодарам!

Vecer | 01.09.2026

Емилијано Мартинез со порака за Меси: Ти ме направи светски шампион, ти благодарам!

фото: MonseteveHD | Deportes @canal_monseteve (X)

Емилијано Мартинес испрати емотивна порака до Лионел Меси по одлуката на аргентинската легенда да стави крај на репрезентативната кариера. Голманот на аргентинската репрезентација му се заблагодари на капитенот за годините поминати заедно во националниот тим и за големиот успех што го постигнаа.

„Ти ме направи светски шампион. Ти благодарам за сè што направи за мене, за репрезентацијата и за цела Аргентина. Ќе ми биде чест засекогаш да можам да кажам дека играв со тебе“, порача Мартинес.

Меси и Мартинес беа меѓу најважните фигури во аргентинскиот тим кој ја освои Копа Америка во 2021 година, а една година подоцна стигна и до светската титула во Катар. Мартинес особено се прослави со одбраните во пенал-сериите, додека Меси беше предводник на тимот до најголемиот трофеј.

„За мене секогаш ќе бидеш најдобар играч на сите времиња. Уживав во секој момент со тебе и горд сум што бев дел од оваа приказна“, додаде аргентинскиот голман.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk