logo
logo
logo

Едноставно непобедливи:Чудесна серија на “Фуријата“ од 38 меча без пораз!

Vecer | 20.07.2026

Едноставно непобедливи:Чудесна серија на “Фуријата“ од 38 меча без пораз!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Едноставно најдобри, едноставно непобедливи под водство на Луис де ла Фунете. Шпанската репрезентација, заедно со финалето на Мундијалот е непоразена во 38 официјални натпревари по ред. Со победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Светското првенство, одлучена со голот на Феран Торес во продолжението, тие го надминаа рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз.
Серијата на Шпанија трае од март 2024 година, кога загуби со 0:1 од Колумбија во пријателски натпревар во Лондон. После тоа, Шпанија постигна дури 29 победи и девет нерешени резултати, а серијата ја заврши со најголем можен успех, освојувајќи ја светската титула. Сега, сепак, Англија ќе има можност да ја прекине серијата на Шпанија на 26 септември во Лондон, како дел од групната фаза на Лигата на нации. Доколку не успее, Хрватска ќе се обиде три дена подоцна на гостински терен во Шпанија. Во групата е и Чешка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk