Франк Де Блекере е промовиран за нов шеф на фудбалските судии во Србија со што поранешниот истакнат белгиски арбитар ќе се грижи за регуларноста и квалитетот на суњетето во шампионатот на оваа земја. ФС Србија во изминатите неколку сезони практикува арбитражата да ја даде под контрола на странски обсервер со богато минато како судија со знакот на ФИФА.
Во ист ден кога Де Блекере е промовиран во Белград, слична но поголема „бомба“ активираа во Турција. Само неколку дена по пензионирањето Ентони Тејлор од Англија стана шеф на судиите во турскиот фудбалски шампионат.
Балканските земји ја почнаа практиката да ангажираат истакнати странски судиски имиња за грижа на судењето по фудбалските терени за да се зачува интегритетот и чесноста при делбата на судиските одлуги на натпреварите.
Во Бугарија веќе неколку сеозни главен шеф на судиите е Матео Трефалони од Италија, во Грција таа улога ја има Стефан Лану од Франција кој е сонародник на Бернард Лајек кој е заедолжен за грижа, контрола и едикација на судиите во Хрватска. Во Романија таа улога ја има гркот Кирос Васарас.