logo
logo
logo

„ДА“ за Американецот, „НЕ“ за Французите: ФИФА донесе нова контроверзна одлука

Vecer | 08.07.2026

„ДА“ за Американецот, „НЕ“ за Французите: ФИФА донесе нова контроверзна одлука

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/

ФИФА ја отфрли жалбата на Француската фудбалска асоцијација за поништување на жолтиот картон на Михаел Олисе, па така играчот од средниот ред на „триколорите“ ќе игра на 1/4 СП против Мароко под закана од суспензија.

Олисе беше опоменат во судиското продолжение на осминафиналниот натпревар против Парагвај, кој Франција го доби со 1:0.

Доколку добие уште еден жолт картон против Мароко, ќе го пропушти евентуално полуфинале.

Одлуката ја потврди селекторот на Франција, Дидије Дешамп, на прес-конференција.

„Утрово добивме одговор од ФИФА. Жолтиот картон останува“, рече Дешамп кратко пред четвртфиналниот натпревар со Мароко.

Одлуката претставува дополнителен проблем за францускиот тренерски штаб пред еден од најважните натпревари на турнирот, со оглед на тоа што уште еден жолт картон би го оставил Олисе надвор од потенцијално полуфинале.

Овој случај доаѓа само неколку дена откако ФИФА го поништи црвениот картон на репрезентативецот на САД, Фоларин Балогун, што донесе дополнително внимание на одлуката во случајот Олисе.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk