logo
logo
logo

Борусија (Д) не издржа: Баерн ги „лапна“ бодовите во Дортмунд (ВИДЕО)

Vecer | 28.02.2026

Борусија (Д) не издржа: Баерн ги „лапна“ бодовите во Дортмунд (ВИДЕО)

фото: FC Bayern München (X)

Баерн (М) го доби големото дерби на 24-то коло од Бундеслигата, откако вечерва со пресврт славеше во Дортмунд со 3:2.

Дефанзивецот на домашниот тим, Нико Шлотербек, го отвори резултатот во 26-тата минута. Во второто полувреме, прватта ѕвезда во нападот на Баерн, Хари Кејн најпрво израмни во 54-тата минута, а Англичанецот го комплетираше својот втор гол одпенал во 70-тата минута.

Дефанзивецот на Борусија (Д), Даниел Свенсон, го израмни резултатот во 83-тата минута, но Баерн продолжи да притиска и во последните три минути, играчот од средниот ред Џошуа Кимих, ја донесе победата за својот тим. Борусија моментално е втора во германската прва лига со 52 бода. Баерн е лидер со 63 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk