Новак Ѓоковиќ пристигна во Кина каде што ќе настапи на турнирот во Шангај, но неговиот престој започна со непријатен момент.
Српскиот тенисер одработи тренинг пред присутната публика, а по завршувањето се упати кон трибините за да им подели автограми на навивачите. Во еден момент, сепак, од публиката беше фрлена капа која го погоди Ѓоковиќ директно во лицето.
Ѓоковиќ за момент остана изненаден од случувањето, но набрзо продолжи со потпишувањето автограми. Неговиот соработник веднаш реагираше и побара од обезбедувањето да го отстрани лицето кое ја фрли капата од трибините.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата