logo
logo
logo

Артета лут на своите фудбалери: Ова не смее да се повтори!

Vecer | 19.09.2026

Артета лут на своите фудбалери: Ова не смее да се повтори!

фото: Arsenal @Arsenal (X)

Микел Артета не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз на Арсенал од Брајтон со 3:0 во Премиерлигата. „Топчиите“ имаа совршен старт со четири победи, но на „Амекс“ денеска одиграа еден од најслабите натпревари во последниот период.

Артета призна дека Брајтон бил подобар тим и дека неговите играчи не одговориле на потребното ниво во дуелите и во техничката реализација. Шпанецот посебно го нагласи недостатокот на концентрација и грешките кои доаѓале во опасни зони.

„Ова не смее да се повтори“, е пораката што тренерот ја упати по мечот, со јасна најава дека тимот мора да извлече поука.

„Ова е голема лекција за нас. Гледајќи го тоа како тимот играше и се покажа во последните шест или седум недели, тие беа одлични, но денешниот натпревар беше голема лекција за нас“, дополни тој.

Поразот од 3:0 е најтежок за Арсенал во сите натпреварувања уште од мај 2023 година, кога исто така загуби со 3:0 од Брајтон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk