logo
logo
logo

Алварез е „фит“: Атлетико со Аргентинецот за големото градско дерби

Vecer | 18.09.2026

Алварез е „фит“: Атлетико со Аргентинецот за големото градско дерби

фото: CentreGoals. @centregoals (X)

Хулијан Алварез е подготвен да се врати во составот на Атлетико Мадрид за големото градско дерби против Реал Мадрид. Аргентинскиот напаѓач пропушти два натпревари поради мускулна повреда, заработена по дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите.

Сепак, неговото опоравување се одвива според планот и во Атлетико постои оптимизам дека ќе биде на располагање за неделниот дуел на „Метрополитано“.
Алварез во последните денови работел со висок интензитет, вклучително и спринтови и промени на ритамот, со цел да биде максимално подготвен.

Според последните информации, тој најверојатно ќе добие минути, но сè уште не е сигурно дали ќе биде стартер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk