Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, зборуваше за крајот на својата кариера по натпреварот во кој го постигна својот 970-ти гол.
Португалецот има 41 година, а во кратко интервју наговести дека неговата кариера се ближи кон крајот.
„Крајот на мојата кариера доаѓа, ајде да уживаме во секој натпревар. Продолжувам да играм не само за оваа генерација, туку и за претходната генерација и за онаа што доаѓа. Уживам ден по ден, натпревар по натпревар, година по година, иако крајот доаѓа. Тоа е факт“, рече Роналдо.
Кристијано сè уште ја нема титулата шампион на Саудиска Арабија со тимот на Ал Наср, иако е член на овој тим веќе завиден период.
Сепак, оваа сезона тоа би можело да се промени, бидејќи на четири кола до крајот, тимот на Ал Наср има предност од осум бода во однос на Ал Хилал, кој е на второто место.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата