Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, а коловозите наместа се влажни, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Зголемен е обемот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Особено внимателно треба да се вози на патиштата од Катланово до Велес, од Маврово преку Дебар до Струга, како и на патните правци од Виница до Берово и од Кочани до Делчево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата