Влада: Исплата на октомвриските пензии од 31 октомври

Vecer | 25.10.2022

Влада: Исплата на октомвриските пензии од 31 октомври
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година, соопштуваат оттаму. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година. За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа: -За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник); -За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник); -За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и -За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk