(Видео) Полицијата ГИ ПРОНАЈДЕ ТЕЛАТА И ВОЗИЛОТО во Лепенец

Vecer | 18.06.2023

(Видео) Полицијата ГИ ПРОНАЈДЕ ТЕЛАТА И ВОЗИЛОТО во Лепенец
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце.

„Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување“, стои во соопштението на полицијата.

Возило со косовски регистарски таблички вчера падна во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице беше извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица трагаше полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk