Споениот празничен викенд уште од раните утрински часови донесе зголемена фреквенција на граничниот премин Богородица, каде што се создаваат долги колони возила на излез од Македонија кон Грција. Снимка направена околу 6:45 часот покажува повеќе колони автомобили кои чекаат за преминување на границата, а дополнителен метеж се очекува во текот на денот поради зголемениот број граѓани кои тргнуваат кон грчкото крајбрежје и смената на туристите. Возачите се советуваат да имаат трпение и пред патувањето да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата