Расте бројот на заразени во Македонија, а најголем раст е забележан во Гостивар, Скопје и Тетово. Неготино, пак вчера го забележа првиот случај на Ковид-19, по повеќе месеци. Вчера беа регистрирани 639 нови случаи од направени 5.390 тестирања, починати шест лица и 22 оздравени.
Според статистиката на Министерството за здравство за број на вакцинирани по градови објавена деновиве, Гостивар е градот со најмалку вакцинирани полнолетни граѓани, односно само 19 проценти. Но, со зголемувањето на новозаразени се зголеми и интересот за заштита со вакцинирање во гостиварско, јави дописникот на МИА од Гостивар. Дневно се аплицираат од 300 до 500 вакцини.
Она што ги загрижува здравствените работници од гостиварско е што на голем број пациенти им е потребна хоспитализација. Според клиничката слика, дел од нив добиваат кислородна поддршка, а има и случаи во потешка состојба и тоа се пациенти со други коморбидитети.
-Карактеристично е што станува збор за помлади пациенти, главно под 35 години. Порастот на новозаболени според него е непочитување на мерките за заштита, изјави вчера за МИА раководителот на инфективното одделението д-р Ратко Наумоски.
Со засилување на четвртиот бран и најавените рестриктивни мерки, интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 561 912 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 16 020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454 788 граѓани, соопшти Министерството за здравство.Со последните бројки барем една доза вакцина примиле: 66 проценти од населението над 70 години, 64 отсто над 65 години, 60 отсто над 60 години и 50 отсто над 50 години.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 70093, Активни 1257
Куманово 9148, Активни 222
Прилеп 8365, Активни 34
Тетово 8242, Активни 864
Битола 6412, Активни 90
Велес 5506, Активни 29
Гостивар 5683, Активни 467
Кавадарци 5195, Активни 37
Охрид 5096, Активни 75
Штип 4988, Активни 23
Струмица 4257, Активни 124
Струга 3066, Активни 83
Кочани 2826, Активни 29
Кичево 2803, Активни 193
Гевгелија 2199, Активни 2
Неготино 2185, Активни 1
Свети Николе 1536, Активни 9
Ресен 1247, Активни 13
Крива Паланка 1230, Активни 3
Радовиш 1185, Активни 21
Берово 1059, Активни 24
Делчево 979, Активни 5
Дебар 1035, Активни 81
Виница 899, Активни 13
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 685, Активни 15
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 399, Активни 3
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 377, Активни 18
Пехчево 279, Активни 8
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата