Здравствените власти регистрираа нови 978 случаи на Ковид-19 во едно деноноќие и 24 починати пациенти од кои двајца на 39-годишна возраст. Лекарите апелираат на што помасовна вакцинација како единствен начин за намалување на ширењето на вирусот.
– Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје, велат од Министерство за здравство.
Оттаму вчера информираа дека земјава е лидер во регионот по бројот на граѓани вакцинирани со барем една доза во изминатиот еден ипол месец.
– Во периодот од 5 јули до 24 август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението. Во истиот период, веднаш по земјава се Косово со 10,64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Косово со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто, наведоа од Министерството за здравство.
Вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Според информациите од Министерството за здравство, досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.
– Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираше Министерството за здравство.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вчера побара итна промена на мерките, односно спортските обложувалници да бидат изземени од објектите во кои при влез треба да се прикаже сертификат за вакцинација или тест за прележан ковид. Се пожалија дека имаат пад на прометот за речиси 50 проценти и дека во прашање се доведени работните места на повеќе од 3.500 вработени. Побараа и итно носење на мерки за финансиска помош.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 75239, Активни 5214
Куманово 10113, Активни 896
Прилеп 8602, Активни 232
Тетово 10099, Активни 2042
Битола 6667, Активни 254
Велес 5731, Активни 212
Гостивар 7503, Активни 1394
Кавадарци 5419, Активни 197
Охрид 5478, Активни 408
Штип 5212, Активни 187
Струмица 5085, Активни 698
Струга 3530, Активни 507
Кочани 2971, Активни 125
Кичево 3518, Активни 636
Гевгелија 2284, Активни 82
Неготино 2228, Активни 39
Свети Николе 1654, Активни 106
Ресен 1380, Активни 118
Крива Паланка 1264, Активни 29
Радовиш 1316, Активни 111
Берово 1116, Активни 36
Делчево 1034, Активни 50
Дебар 1293, Активни 232
Виница 947, Активни 37
Пробиштип 833, Активни 43
Валандово 737, Активни 42
Богданци 521, Активни 27
Крушево 513, Активни 23
Демир Хисар 411, Активни 11
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 446, Активни 57
Македонски Брод 431, Активни 57
Пехчево 291, Активни 6
Македонска Каменица 265, Активни 15
Дојран 135, Активни 1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата