logo
logo
logo

Скопје 1053 активни, Тетово 755 - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 12.08.2021

Скопје 1053 активни, Тетово 755 - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Расте бројот на новозаразени. По долго време, вчера беа регистрирани дури осум починати, 588 новозаразени од направени 5.780 тестирања. Вкупниот број на активни случаи е 3.135.

Паралелно со зголемување на бројот на новоинфицирани и в пресрет на најавените рестриктивни мерки, значително се зголемува интересот за вакцинација. Досега се вакцинирани над половина милион граѓани. Од Министерството за здравство завчера информираа дека досега се вакцинирани 32 проценти од полнолетните жители на државата.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 8.202 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, велат од Министерството за здравство.

Од понеделник почнуваат новите рестриктивни мерки, кои предвидуваат во угостителските објекти кои имаат капацитет над 30 гости, да влезат само оние кои примиле барем една доза вакцина.

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на вчерашната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од Ковид-19.

Како што информираше министерот преку неговиот фејсбук-профил, од понеделник ќе следат засилени контроли. – Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето, напиша Бектеши.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159 269 на оздравени пациенти е 150 613, на починати 5521.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 69879, Активни 1053

Куманово 9114, Активни 193

Прилеп 8359, Активни 28

Тетово 8127, Активни 755

Битола 6395, Активни 75

Гостивар 5583, Активни 370

Велес 5498, Активни 21

Кавадарци 5189, Активни 31

Охрид 5088, Активни 67

Штип 4983, Активни 18

Струмица 4220, Активни 88

Струга 3050, Активни 67

Кочани 2823, Активни 27

Кичево 2771, Активни 161

Гевгелија 2199, Активни 2

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1536, Активни 9

Ресен 1242, Активни 8

Крива Паланка 1229, Активни 2

Радовиш 1183, Активни 19

Берово 1053, Активни 18

Дебар 1025, Активни 71

Делчево 977, Активни 3

Виница 898, Активни 12

Пробиштип 791, Активни 2

Валандово 681, Активни 11

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 398, Активни 2

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 372, Активни 13

Пехчево 279, Активни 8

Мак.Каменица 250, Активни 1

Дојран 132, Активни 0

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk