logo
logo
logo

Скендер Реџепи е против Левица, но останува во новото парламентарно мнозинство на Мицкоски

Vecer | 06.11.2021

Скендер Реџепи е против Левица, но останува во новото парламентарно мнозинство на Мицкоски

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но како што брифираат партиски извори за „Слободен печат“, тој има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во „фронтот“ за рушење на Владата.

„Пратеникот Реџепи има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во коалицијата за рушење на оваа хибридна власт на СДСМ и ДУИ. Сметаме дека има алтернатива и решение и за ова прашање“, велат изворите од Алтернатива за „Слободен печат“.

Во меѓувреме, портпаролот на партијата предводена од Африм Гаши, за порталот Телеграфи вели дека договорот постигнат синоќа стои.

„Договорот постигнат синоќа се уште трае. Нема промена“, вели Муртезани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk