logo
logo
logo

Шилегов: Јас и Бени сме другари, ЌЕ МЕ ПОДДРЖИ ВО ВТОР КРУГ

Vecer | 06.09.2021

Шилегов: Јас и Бени сме другари, ЌЕ МЕ ПОДДРЖИ ВО ВТОР КРУГ

Петре Шилегов е убеден во поддршка од Бени Шаќири во вториот круг, потенцирајќи дека биле другари со пејачот.

Јас и Бени сме другари, пријатели. Јас ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Јас убеден доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече Шилегов коментирајќи ја кандидатурата на Шакири.

Бени Шаќири пак вели дека состојбите мора да се подобруваат, не смее да живееме со тоа “ајде можеме“.

Јас овој град го сакам, треба со лична заложба и пример да се средуваат состојбите, кажа Бени Шаќири, кандидат за градоначалник на Скопје во Студио 10 на ТВ24.

-Три ипол години нема ништо во Скопје, а сега само козметички зафати. Мотивити не треба да се бараат од Бени, сам граѓанинот нека прошета и ќе види. Се можам да разберам, ама можеа барем една церада (зградата на ЕСМ) да стават. Јас како човек кој си го сака својот град, локал патриот, не ми е сеедно. Да не зборуваме колку ѓубре има во градот. Воздухот е валкан, и сите деца го дишат тој воздух. Скопје стана сив град, кој не дише, не пулсира, вели Шаќири.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk