Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“, 9 завршиле во болница

Vecer | 22.05.2022

Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“, 9 завршиле во болница
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“, 9 завршиле во болница

За малку е избегната трагедија вчера во Старата скопска чаршија, а само брзата реакција на противпожарната единица спречила огнот да го проголта хотелот „Буши“ и да се прошири врз околните објекти во Чаршијата.

Според Телма, во турканиците, вкупно седумдесетина луѓе се повредени – десетици вдишале чад, дел завршиле во болница, а со повреди се здобиле и тројца пожарникари.

Огнот, според информациите од противпожарната служба, избил на неколку места во хотелот, а зафатени биле рецепцијата и кујната.

Лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на самото место, а деветмина завршиле во болница. Шестмина се на Токсикологија, а другите тројца во градската болница „8 септември“, информираа за Телма од Брзата помош.

Фото: принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk