logo
logo
logo

СДСМ СЕ ОГРАДИ ОД СВОИТЕ СОВЕТНИЦИ кои гласаа за 16 кракото знаме во Лозово, не било по Преспански

Vecer | 20.04.2022

СДСМ СЕ ОГРАДИ ОД СВОИТЕ СОВЕТНИЦИ кои гласаа за 16 кракото знаме во Лозово, не било по Преспански

Откако вчера советниците на СДСМ во Општина Лозово гласаа за знамето со 16 краци да стане официјален симбол на општината, денеска од партијата се оградија од сопствените советници и соопштија дека започнале постапка.

- СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината. Не станува збор за донесена одлука на Советот туку за Заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на поранешното знаме може да биде официјално знаме на општина Лозово, велат тие.

Додаваат дека иако не станува збор за конечна одлука, СДСМ се оградува од нив.

СДСМ се оградува од ова несоодветно однесување на советниците коешто може да се толкува дека е во спротивност пред с со државните интереси, со добрососедските односи со Грција, но и со политиките и статутарните одредби на СДСМ. Вакви непромислени постапки може да отворат прашања за непочитување на меѓународните договори, што негативно влијание на стратешките интереси на државата. Во конкретниот случај, Преспанскиот договор, кој директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на преговори со ЕУ, велат од партијата.

Додаваат дека во интерес на нашата држава е да го почитуваме и доследно да го имплементираме Договорот што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој.

- Во оваа насока, информираме дека Надзорниот одбор на СДСМ започна постапка, го разгледува овој случај и утврдува прекршување на етичкиот кодекс и статутарните одредби. Врз основа на одлуката на ова партиско тело ќе произлезат одлуки дали советниците на СДСМ ќе бидат исклучени од партијата, соопштија од СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk