logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ оди со стари и истрошени кадри, НИКОЈ НЕ ИМ СЕ НАФАЌА ДА ГУБИ“

Vecer | 26.08.2021

„СДСМ оди со стари и истрошени кадри, НИКОЈ НЕ ИМ СЕ НАФАЌА ДА ГУБИ“

СДСМ оди со стари и истрошени кадри вечни функционери, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови и реализирани луѓе во своите професии. СДСМ нема што ново да понуди за Прилеп, Велес, Јегуновце, Брвеница, Свети Николе, Карпош, Аеродром и буквално низ сите општини, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

Оттаму посочуваат дека кандидатите кои што вчера ги промовираа СДСМ се стари и истрошени кадри кои или биле веќе градоначалници или смениле по неколку функции.

- СДСМ оди со стари и истрошени кадри затоа што никој не им се нафаќа да губи. СДСМ не можеше да најде нови луѓе, затоа што никој веќе не сака да биде заштитник на мафијата. Наспроти старите и истрошени кадри на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови кадри, докажани во своите професии. ВМРО-ДПМНЕ нуди развој, просперитет и работа. Време е за Македонија за сите луѓе, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk