Приведен Алил Демири, обвинет за грозоморното убиство кај Смилковското езеро, дознава Канал 5

Vecer | 24.08.2023

Приведен Алил Демири, обвинет за грозоморното убиство кај Смилковското езеро, дознава Канал 5
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири.

Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро.

Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk