ПРЕНЏОВ: Додека родителите бдееле над своите деца и се молеле лековите да делуваат, тие ги продавале на црно во Косово

Vecer | 06.09.2023

ПРЕНЏОВ: Додека родителите бдееле над своите деца и се молеле лековите да делуваат, тие ги продавале на црно во Косово
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Скандалот со Клиниката за онкологија е трагичен, монтруозен случај и однесување кон пациенти кои се болни од најтешки форми на рак. Додека синот или ќерката бдееле над мајката и таткото или родителите бдееле над своите деца и се молеле на Бога да им делува терапијата таму имало луѓе кои наместо да им  дадат ампула со лек им давале физиолошки раствор, а истите тие ги продавале на црниот пазар во Косово. Вака пратеникот Љупчо Пренџов во интервју за Република го опишува најголемиот скандал кој се случи во Македонија последниве години.

Според него, ова покажува дека основните човекови вредности се нарушени и имаме целосна морална дисторзија на системот. Поради тоа веднаш побарале во Собранието да се разгледува извештајот на Државниот завод за ревизија за случувањата на Онкологија за што пратениците од ДУИ гласале против.

- Мора да видиме колку се виновни, кои се виновни со име и презиме и мора да има најстроги казни. Но, пратеничката група на ДУИ гласаше против ставање на дневен ред на оваа точка. Не знам дали е за тоа што имаат економски директор кој се сликал со Ахмети. Никој во државата ништо не знае, се сменија еден куп министри за здравство, Спасовски исто не знае, премиерот не знае и се поставува прашањето кој ја води државата? - прашува Пренџов во интервјуто за „Република“.

Тој објаснува дека овој скандал мора веднаш да се разреши бидејќи имаме луѓе кои се починати.

- Притисокот ќе биде огромен без разлика од која партија и од граѓаните, здравствениот систем не признава верска или етничка припадност. Ова мора сега и веднаш да биде решено, бара пратеникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk